Apple: iOS 11.3 е виновен за проблемите со микрофонотие кај iPhone 7 и 7 Plus моделите! | GSM Macedonia
x

Apple: iOS 11.3 е виновен за проблемите со микрофонотие кај iPhone 7 и 7 Plus моделите!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 07 Мај, 2018 од GSM.mk

Дел од сопствениците на iPhone 7 и 7 Plus моделите забележаа проблеми со микрофоните при зборување. Наводно, проблемот започнал со инсталирањето на iOS 11.3..

Проблемот со микрофоните предизвикува корисниците да не се слушаат добро при повици или при FaceTime видео повици. Истотака, дел од нив неможат да ја користат Speaker функцијата, бидејќи копчето за нејзино активирање целосно го снемува. 

Apple советува корисниците најпрво да ги исклучат сите Bluetooth уреди кои можеби се поврзани за телефонот. Доколку тоа не го реши проблемот, треба да се извршат повеќе тестови. Доколку резултатите покажат проблеми со уредот, сопствениците ќе треба да го носат на сервис. Нормално, оние кои се под гаранција нема да имаат никаков проблем. Од друга страна, оние со истечена гаранција може да го замолат сервисот да побара молба и да направи исклучок, со што поправката сеуште ќе биде бесплатна. 

Зошто iOS 11.3 го предизвикува проблемот со микрофоните кај iPhone 7 и iPhone 7 Plus сеуште не е познато. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.