// //
Батерии на Tesla помагаат при снабдување со електрична енергија за цел град во Белгија | GSM Macedonia
x

Батерии на Tesla помагаат при снабдување со електрична енергија за цел град во Белгија

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Мај, 2018 од GSM.mk

Голем систем на батерии, кој служи за спречување на пореметувања и недостатоци при снабдувањето со струја, како и за стабилизација на електроенергетскиот систем, пуштен е во употреба оваа недела во белгиското гратче Терхилс.

Системот се состои од 140 Powerpack батерии кои ги произведе компанијата Tesla, а чија заедничка сила изнесува 18,2 мегавати.

Нивна основна задача е да складираат електрична енергија кога производството е преголемо, како и истата да ја пуштаат во мрежа кога производството ќе опадне.

Системот на батерии би требало да реагира на промени на фреквенциите на електрична енергија во многу краток рок, и тоа до 100 пати побрзо од класичните системи кои произведуваат енергија од фосилните горива.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.