// //
Gmail наскоро ќе пишува цели мејлови наместо вас | GSM Macedonia
x

Gmail наскоро ќе пишува цели мејлови наместо вас

Категорија: Занимливости Објавено на 23 Мај, 2018 од GSM.mk

Корисниците на Gmail повеќе од една година ја користат опцијата Smart Reply, но овој e-mail сервис сега станува уште попаметен. Со новите измени, наместо вие да го пишувате целиот мејл, Gmail ќе го направи тоа наместо вас.

На отворање на овогодинешната Google I/O конвенција за девелопери, извршниот директор на Google, Сундар Пичаи ја најави Smart Compose, нова опција која ќе му овозможи на Gmail да ја заврши реченицата во моментот додека ја пишувате.

Smart Compose ќе работи на тој начин што додека го пишувате текстот во мејлот, ќе се појави посветол текст кој ќе ја продолжи и доврши реченицата. Ако напишете „My address is“, ќе ја добиете опцијата да ја комплетирате реченицата со вашата адреса.

Smart Reply опцијата на Google, која се појави во 2015 година, можеше да генерира кратки одговори на мејлови за да ви заштеди време за одговор. Но, Smart Compose го доведува ова на сосем друго ниво.

Од Google велат дека Smart Reply опцијата беше одговорна за 10% од вкупната активност на одговорите на мејлови преку мобилен телефон во текот на минатата година, така што станува јасно дека иако се работи за кратки одговори, корисниците сметаат дека оваа алатка е многу корисна. Smart Compose веројатно ќе биде голем успех за Google, но ќе почекаме да видиме како оваа опција ќе биде прифатена од корисниците на Gmail.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.