Netflix: До крајот на 2018 година ќе имаме 1.000 оригинални филмови и серии | GSM Macedonia
x

Netflix: До крајот на 2018 година ќе имаме 1.000 оригинални филмови и серии

Категорија: Забава Објавено на 22 Мај, 2018 од GSM.mk

Од компанијата велат дека активно работат на нови серии и филмови, па до крајот на оваа година би требало да ја поминат бројката од 1.000 оригинални наслови.

Според податоците кои ги нуди Quartz, главниот претседател за продукција на оригинални содржини Тед Сандерс смета дека Netflix ќе има четирицифрен број на оригинални продуцирани содржини до крајот на оваа година. И не само тоа, туку тој вели дека компанијата активно работи на зголемување на темпото и во иднина се очекуваат многу повеќе серии и филмови во многу пократок рок.

Преку 470 целосно оригинални филмови и серии ќе бидат продуцирани од месец мај па до крајот на календарската година. Но, за Netflix поимот „оригинал“ има секогаш поинакво значење. Некои оригинални серии како „House of Cards“ и „Orange Is The New Black“ се прикажуваат на Netflix под лиценца на други студија, додека пак серии како „Stranger Things“ е комплетно авторски производ на компанијата.

Ова е одлична вест за сите љубители на серии и филмови, а посебно за оние кои сакаат да ги изгледаат сериите во еден здив, без застанување. Квантитетот кој го нуди Netflix сепак не е решавачки, бидејќи нивните оригинални серии и филмови се постојано критички издигнати и прифатени.

Сепак, голем број филмски критичари се јавуваат со негодување поради застапеноста на содржини на Netflix, тврдејќи дека тие едноставно не посветуваат доволно внимание на филмските класици. На пример, само 6 филмови од најдобрите 25 американски филмови на сите времиња се достапни на оваа платформа, а таму ги има скоро сите филмови на Адам Сендлер, кој е далеку од филмско богатство.

Според Netflix, ова не претставува никаков проблем и нема причина било кој да се прилагодува со цел да им угоди на сите. Компанијата работи успешно и постојано произведува нова содржина, кои тие сметаат дека е поважна за индустријата отколку постојано прегледување на истите неколку филмови од минатото.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.