// //
Првиот вистински смартфон со целосен дисплеј доаѓа на 12 јуни! | GSM Macedonia
x

Првиот вистински смартфон со целосен дисплеј доаѓа на 12 јуни!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Мај, 2018 од GSM.mk

Првиот телефон кој ќе доаѓа целосно без рамки конечно ќе стане реалност, но нема да биде произведен ниту од Apple, ниту од Samsung..

Наместо нив, кинеската компанија Vivo туку што го најави Vivo Apex, истиот импресивен уред кој го видовме прво во февруари на Mobile World Congress настанот, а официјално ќе биде најавен на 12 јуни.

Како што рековме, Vivo Apex има три клучни карактеристики: all-screen дизајн, одлична камера и скенер за отпечатоци под дисплејот. Сега за сега, Vivo се подготвува за претставувањето со реклама кој ќе биде пуштана за време на 2018 FIFA World Cup. 


Други информации не се познати во моментов: Vivo уредите не се продаваат во Америка, а се најпопуларни во Азија, така што сеуште не знаеме на кои места од светот ќе биде претставен новиот смартфон. Повеќе информации очекуваме наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.